text size
Цените на нафтата би требало да достигнат 150 долари за барел доколку САД продолжат со планираната поморска блокада на Ормускиот Теснец, според извршниот директор на „Оникс Капитал Груп“ (Onyx Capital Group), Хорхе Монтепеке. Светската јавност сега е во очекување да види на кој начин американската администрација предводена од Доналд Трамп планира да ја изведе намерата да ги блокира сите бродови од пристаништата во Иран, а да овозможи проток за останатите кои пловат кон другите земји од Персискиот Залив, но и како Иран ќе возврати на блокадата.