Претседателот Доналд Трамп синоќа изјави дека шансите за договор со Иран „изгледаат многу добро“ додека двете страни се во разговори за продолжување на примирјето пред неговото истекување следната недела. Претходно, Трамп објави 10-дневно примирје меѓу Израел и Либан, потег што може да ги ублажи пошироките тензии меѓу САД и Иран.
Сепак, некои заливски арапски и европски лидери веруваат дека мировен договор меѓу САД и Иран ќе биде постигнат за околу шест месеци и дека завојуваните страни треба да го продолжат примирјето за да го покрие тој временски период.
Портфолиото на македонските резиденти во странство првпат надмина 1,5 милијарда евра
Состојбата на средствата врз основа на портфолио-инвестиции (вложувања на резиденти во странски хартии од вредност) на 31.12.2025 година изнесува 1,51 милијарда евра, од кои 1,12 милијарда евра се вложувања во сопственички, додека 386,4 милиони евра во должнички хартии од вредност, покажуваат новите податоци на Народната банка.
Анализирано по земји, најголеми портфолио-инвестиции има во Соединетите Американски Држави, во износ од 911,8 милиони евра, Ирска во износ од 125,1 милиони евра и Германија во износ од 109,8 милиони евра. Од аспект на оригиналната валута на вложување, најголем дел портфолио-инвестиции се направени во американски долари и во евра.
Кој е најголемиот тест за „Витаминка“ во 2026 година?
„Витаминка“ АД Прилеп годинава одбележува 70-годишнина (основана е во 1956 година), но таа е и нашиот скриен „бисер“ од минатата година што ценовно го оправда нејзиното вклучување во таа категорија. Сепак, резултатите за целото годишно работење донесоа отрезнување бидејќи се чини дека очекувавме премногу од нив.
Деловните резултати на „Витаминка“ АД Прилеп за 2025 година се материјално послаби од очекуваното. „Витаминка“ силно порасна во однос на приходите, но во исто време сериозно ја изгуби ЕБИТДА-профитабилноста (сега е само 5,4 проценти), што 2025-та ја прави година на екстремен притисок врз профитабилноста, а не на остварување раст на бизнисот.
Падот на Орбан и подемот на Тиса - дали индексот BUX е прилика или ризична замка?
Пазарот е еуфоричен, но унгарските фундаментални показатели се на најтешкиот тест во последните 16 години. Унгарија штотуку ја доби битката за Брисел, но би можела да го загуби војната на берзата. Додека инвеститорите го слават падот на Виктор Орбан како проевропска пролет, берзанската реалност се заканува да стане ладен туш.
Над индексот BUX потенцијално се надвива облак на неизвесност, бидејќи пазарот од почетокот на годината ги купуваше досегашните резултати, но реалноста со новата власт може да донесе пресврт и да направи стрес-тест за „величествената тројка“ на чиј грб растеше индексот.
Белата куќа планира да даде пристап на американските агенции до „Митос“ на „Антропик“
Американската влада се подготвува да ја направи верзијата од моќниот нов модел на вештачка интелигенција на „Антропик“ достапна за големите федерални агенции, среде загриженоста дека алатката може нагло да го зголеми ризикот за сајбер-безбедноста, според меморандум прегледан од „Блумберг Њуз“.
Грегори Барбачија, федерален директор за информатичка технологија во Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, преку електронска порака им кажал на официјални лица во министерствата во вторникот дека Канцеларијата поставува заштитни механизми кои ќе им овозможат на нивните агенции да почнат да го користат строго чуваниот ВИ модел, „Митос“.
Европа има авионско гориво уште за шест недели, велат од Меѓународната агенција за енергија
Европа има „можеби уште околу за шест недели (резерви) авионско гориво“, изјави во четвртокот шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во опсежно интервју за „Асошиејтед прес“ (Associated Press), предупредувајќи на можни откажувања на летови „наскоро“ доколку снабдувањето со нафта остане блокирано поради војната со Иран.
Извршниот директор на Агенцијата, Фатих Бирол, даде мрачна прогноза за глобалните последици од она што го опиша како „најголемата енергетска криза со која некогаш сме се соочиле“, која произлегува од прекинот на протокот на нафта, гас и други клучни ресурси низ Ормускиот Теснец.