text size
Викендот не ја донесе долгоочекуваната објава за мировен договор меѓу САД и Иран, иако американскиот државен секретар Марко Рубио претходно најави дека „во наредните часови“ би можеле да пристигнат добри вести за Ормускиот теснец. Наместо напредок, Вашингтон и Техеран продолжија со преговорите околу клучните точки од евентуалниот договор, меѓу кои се повторното отворање на Ормускиот теснец, санкциите и иранската нуклеарна програма.