text size
Пазарите во регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ) со години се опишуваат како пазари со потенцијал: привлечни и ветувачки, но како секогаш да чекаат на следната фаза од развојот.
Регионот е привлечен и во последниве години приносите ги надминаа големите западноевропски пазари, а некои, како романскиот пазар, дури и американскиот пазар, укажа Михаел Блажековиќ, главен аналитичар на „Блумберг Адрија“ зборувајќи на тема „Компаративен поглед на регионалните пазари на капитал“ во рамките на јубилејната 25 годишна конференција на Македонската берза што вчера и денес се одржува во Охрид.
Добро утро, ви пишува Игор Петровски од дигиталната редакција на Блумберг Адрија. Ова се петте вести за почеток на денот.
Македонските штедачи губат стотици милиони евра годишно со чување на парите во банка
Македонските граѓани во банките чуваат милијарди евра, но приносот што го добиваат од своите депозити останува значително понизок од инфлацијата и од долгорочниот принос на европскиот пазар на акции.
Податоците за просечните каматни стапки на едногодишните депозити покажуваат дека штедењето во изминатата деценија, особено во периодот на високата инфлација, не успевало да ја зачува куповната моќ на вложените средства.
Колку ќе плати македонски газда ако ви ја покачи платата за 6.000 денари?
Во услови кога повторно се отвора прашањето за зголемување на минималната плата, „Блумберг Адрија“ пресмета колку би го чинело работодавецот ако ја зголеми платата на еден работник за 100 евра. Во пресметката зедовме три суми: минималната плата од 26.046 денари, просечната плата на државно за јули годинава (последен статистички податок) од 48.499 денари и највисоката плата исплатена нето-плата во земјава според последното статистичко соопштение од 89.532 денари.
Пресметката покажа дека благодарение на рамниот данок од 10 отсто за данокот на личен доход, како и истата стапка на социјални придонеси за сите работници, трошокот за работодавецот е ист сеедно колкава плата има работникот што добива зголемување.
Вински откритија од регионот што ќе сакате да ги имате во вашата колекција
Дали 97 поени на натпреварот „Декантер ВВА“ (Decanter WWA), големите златни медали на „Мундус вини“ (Mundus Vini) во Германија или националните признанија на „АВЦ Виена“ (AWC Vienna) ги одредуваат вистинските вински ѕвезди или сепак тоа е хедонистичката поврзаност на одредени вина со гастрономијата?
Можат ли и помалку познатите вина да изненадат покрај добар оброк? Еве неколку применливи ено-гастро предлози избрани врз основа на одредени специфичности, но и од лично искуство (вклучувајќи го и она најдоброто, од грозје до вино) додека патувате низ регионот.
Трамп побарал забрана за извоз на гориво поради скокот на цените
Претседателот Доналд Трамп изјави дека ги охрабрил своите советници да одобрат забрана за извоз на дизел, бидејќи цената на ова гориво вртоглаво расте под притисок на војните во Иран и Украина. „Реков да не го испраќаме дизелот надвор“, изјави Трамп во вторникот, одговарајќи на прашање за членовите на Конгресот кои повикуваат на суспензија на извозот. „Го побарав тоа од моите соработници. Разговарав за тоа.“
Министерот за финансии Скот Бесент изјави дека официјалните лица „испитуваат дали тоа е изводливо во однос на вкупниот капацитет за преработка и дали би функционирала целосна или делумна забрана“.
„Опен еј-ај“ ќе дозволи надворешни лица да ги оценуваат ВИ моделите во рана фаза
“Опен еј-ај“ (OpenAI) планира да им дозволи на надворешни групи да ги проверуваат нејзините модели на вештачка интелигенција (ВИ) за безбедносни ризици во раните фази од развојниот циклус, како дел од тековните напори за справување со зголемената загриженост околу потенцијалните штети од оваа технологија.
Компанијата што го создаде „Чет ГПТ“ (ChatGPT) има намера да им дозволи на надворешни организации да спроведуваат технички проценки на безбедноста на нејзините модели за време на процесот на обука, евалуација и пуштање во употреба на нови модели на вештачка интелигенција, компанијата објави во блог-пост во вторник.