text size
Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ќе држи отворена седница пред зградите на Собранието, Стопанската комора и Владата. ССМ излегува на протест на пладне, а причина за незадоволството е минималната плата која Владата ја усвои минатата недела. ССМ бараше 30.000 денари, владата утврди 22.300 денари.