Меѓународната агенција за атомска енергија денеска ќе одржи итен состанок во Виена откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди напад на нуклеарните постојки (Операција „Полноќен чекан“) во Иран и се закани со нови напади доколку Техеран не се повлече. Иран предупреди дека американските напади врз три ирански нуклеарни објекти рано во неделата ќе предизвикаат „вечни последици“ и изјави дека „ги задржува сите опции“ за одговор.
Остатокот од светот гледа кон Блискиот исток и ги пресметува штетите врз глобалната економија од новиот конфликт кој допрва може да ескалира.
Нафтата кон 100 долари: Дали е Македонија пред нов ценовен бран?
Ќе вивнат ли цените повторно е прашањето кое се наметнува веќе од претходната недела кога три пати поскапе дизелот. Првата редовна одлука за промена на цените на нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика ја донесе во понеделникот кога цената на ова гориво се зголеми за 1,5 денари. Во четвртокот и петокот беа донесени уште две вонредни одлуки за зголемување на цените и со нив дизелот поскапе за уште 4,5 денари за литар.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во телевизиско гостување минатата недела рече дека движењата на цените од минатата недела се само прв удар од иранско-израелскиот конфликт. „По она што го гледам, нафтата ќе оди меѓу 90 и 100 долари и тоа ќе предизвика пораст и на крајните цени на нафтените деривати, не само во Македонија, туку и во останатите земји“, рече тој во разговор за МТВ.
Берзански преглед: Се шири конфликтот на Блискиот Исток, ќе расте на цената на нафтата
Најважните берзански вести повторно не доаѓаат од економијата, туку од Белата куќа. Претседателот Доналд Трамп во неделата соопшти дека САД нападнале три ирански нуклеарни објекти — вклучувајќи го објектот Фордо, што се наоѓа длабоко под земја — со што САД директно се вклучија во израелската војна со Иран.
Сѐ уште останува да се види како ќе реагира Техеран, но нападот најверојатно го става конфликтот на патот кон ескалација. За светската економија, проширениот конфликт го зголемува ризикот од повисоки цени на нафтата и дополнителен инфлаторен притисок.
Анализа: Со нападот врз Иран, Трамп направи сериозен пресврт во надворешната политика
Американскиот претседател Доналд Трамп долго време застапуваше став дека САД не смее да се вмешува во војни на Блискиот Исток. Но, со приклучувањето кон израелскиот судир со Иран направи драматичен геополитички пресврт.
По денови на дебати и нејасни пораки, Трамп во саботата започна напад врз три ирански нуклеарни објекти, со што ја поддржа израелската цел за уништување на иранската нуклеарна програма и ги вовлече САД во жежок регионален конфликт.
Брифинг на Пентагон: Какво оружје беше користено во операцијата „Полноќен чекан“
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, зборувајќи пред новинарите во Пентагон, изјави дека операцијата во саботата „бараше голема прецизност и највисоко ниво на оперативна безбедност“, пренесува „Блумберг“.
Хегсет исто така рече дека нападите, наречени „Операција полноќен чекан“, ја означуваат првата борбена употреба на т.н. бомба за пробивање бункери („bunker-buster“). „Во тој поглед, ова беше историски момент – напад кој ја вклучи најдолгата мисија на бомбардерот B-2 Spirit од 2001 година наваму, и првото оперативно користење на MOP – масивниот пробивачки експлозив (massive ordnance penetrator)“, изјави Хегсет.
Фудбалската репрезентација на Португалија блеска, сега на ред е лигата
Португалската Примеира Лига планира да ја централизира продажбата на телевизиските права до 2028 година, што ќе биде тест за побарувачката на европски фудбалски содржини во време кога другите пазари се соочуваат со предизвици.
Овие активности ги предводи Андре Амарал, поранешен банкар во УБС Груп, кој во април ја презеде функцијата генерален директор на организацијата Лига Португал. По повеќе од 20 години искуство во инвестициското банкарство и на глобалните финансиски пазари во Њујорк, Лондон, Мадрид и Лисабон, каде работел за „Кредит свис“ и УБС, 45-годишниот Амарал се приклучи на професионалниот фудбал во Португалија со цел да ја модернизира и трансформира лигата.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...