Анализираме какви промени во однос на штедењето во денари ќе донесат новите мерки на Народната банка и колку може да заработи од камата доколку се орочат 5.000 евра во денарска противвредност на три години во македонските банки.
Откриваме колкави се разликите во платите што ги земаат менаџерите и работниците во македонските компании. Нашите аналитичари издвојуваат кои компании од Македонската берза го заслужуваат епитетот „берзански дијаманти“.
Ги посочуваме причините поради кои европските автомобили би можеле да станат поскапи и анализираме како глобалните производители би можеле да го приспособат производството за да останат конкурентни. Истовремено, претставуваме кои електрични автомобили имаат најдобри перформанси кога станува збор за соодносот цена-опсег на киломтри.
Истражуваме колку се зголемени цените на основните прехранбени производи, вклучително овошјето и зеленчукот и до каде би можеле да одат поскапувањата. Прашуваме до каде е дигитализацијата во македонското земјоделство.
Живееме во период во кој владите промовираат зелени иницијативи, а побарувачката за метали (бакар, челик) расте поради производството на батерии и инфраструктура. Анализираме колку се спротивставени политиките и чекорите во таканаречената зелена транзиција. Откриваме за колку ќе поскапат техничките уреди.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...