Народната банка усвои мерки со кои од декември прв стан ќе се купува по олеснети услови, додека за тие кои веќе имаат дом и купуваат дополнително живеалиште ќе подлежат под построги услови за купување. Целта, според гувернерот, е да им се помогне на тие кои немаат сопствено живеалиште да ја постигнат целта, а истовремено и да се заузда континуираниот раст на цената на становите, феномен особено видлив во главниот град, дури и во услови кога третина од становите се празни.
Добро утро, ова се петте вести што се важни за почеток на денот.
Ни требаат безмалку милион евра за да го живееме „американскиот сон“ во Македонија
Квалитетот на животот може да се опише на многу начини. Постојат многу животни цели и тие варираат од личност до личност, но некои работи се речиси универзални. Домувањето, здравствената заштита, пензиската сигурност, семејството, автомобилот, одморите и домашните миленици се некои од главните цели во животот за повеќето луѓе. Во САД, тие се нарекуваат „Американски сон“.
Порталот „Инвестопедија“ (Investopedia) од САД ја процени цената за остварување на „Американскиот сон“ на 5 милиони долари (околу 4,3 милиони евра, во зависност од девизниот курс). Во „Блумберг Адрија“ се обидовме да пресметаме колку би чинела цената за остварување на „Американскиот сон“ во Хрватска.
Во што вложува македонската одбрана - хеликоптери, беспилотни летала, но не и дронови
НАТО постави „Источна стража“ откако минатата недела руските дронови навлегоа во полскиот воздушен простор. Паралелно, годинава по четири години се одржуваат и воените маневри „Запад“ на Русија и Белорусија. Тензиите растат, особено откако еден руски дрон викендов внесе вознемиреност и во Романија, уште една земја членка на НАТО.
Руските акции, според романската министерка за надворешни работи Оана Тоју, се тест за црвените линии на Алијансата. Таа додаде дека тоа ги поттикнува Романија и другите земји во Источна Европа значително да ги зголемат трошоците за одбрана. „Кога станува збор за Русија, треба да гледате што прави“, изјави Тоју во интервју. „Ова е нешто што ние многу добро го знаеме – Романија, Полска и уште некои земји – а мислам дека сè повеќе го разбира и остатокот од светот.“
Санкциониран танкер натоварен со руска сурова нафта се приближува до пристаништето на „Адани“
Санкциониран танкер што превезува руска нафта се приближи до индиско пристаниште управувано од „Адани груп“ (Adani Group) и најверојатно ќе биде еден од последните бродови на „црната листа“ што ќе истовари нафта во објектите на конгломератот откако стапи во сила забраната.
„Спартан“ (The Spartan), танкер од класата „Суецмакс“ (Suezmax) со товар од околу еден милион барели сурова нафта уралс (Urals), во неделата се наоѓаше кај пристаништето Мундра, во близината на офшор точката за истовар на рафинеријата „ХПЦЛ-Митал енерџи“ (HPCL-Mittal Energy Ltd.), покажуваат податоците за следење бродови што ги објавија „Блумберг“, „Кплер“ (Kpler) и „Вортекса“ (Vortexa).
Додека францускиот пазар стагнира, еден стартап годинава порасна за 500 проценти
Франција е една од најслабите алки во Европа годинава. Референтниот француски индекс CAC 40 заостанува зад паневропскиот STOXX 600 за речиси половина, а инвеститорите се оптоварени од политичката нестабилност, растечките притисоци врз јавниот долг и фискалната политика, како и бавниот економски раст.
Дополнителен товар се самите компании, кои се силно изложени на трговски тензии и царини наметнати од администрацијата на Доналд Трамп.
„Орстед“ издава нови акции по значително пониска цена за рекордна докапитализација
„Орстед“ планира да продаде нови акции со попуст од 67 проценти, додека се обидува да ја врати довербата на инвеститорите по неуспешната експанзија на американскиот пазар.
Успехот на зголемувањето на капиталот од 60 милијарди дански круни (околу 9,4 милијарди долари), најголемото за европска енергетска компанија во повеќе од една деценија, е клучен за „Орстед“ конечно да ја заврши својата долготрајна криза. Тоа ќе биде тест за довербата на инвеститорите: дали веруваат дека бизнисот со ветерници на отворено море може да се врати на раст и профитабилност или мислат дека е време да се прифатат загубите?
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...