Скопје добива нов градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Во вториот круг од гласањето на локалните избори тој доби околу 95.000 гласови или нешто над 3000 гласа повеќе во однос на првиот круг. Неговиот противкандидат, Амар Мециновиќ од Левица освои над 60.000 гласа или двојно повеќе од вториот круг. Излезноста и овој пат беше ниска, околу 40 отсто од запишаните во избирачкиот список.
Автомобили, коњак и ѓубре: Десет компании што треба да се следат сега
По листата од 20 компании кои што ја објавивме на почетокот на 2025. за кои „Блумберг Интелиџенс“ (Bloomberg Intelligence) сметаше дека треба да се следат годинава, ви претставуваме уште десет имиња кои што го привлекуваат вниманието - по добро или по лошо - особено за четвртиот квартал.
Аналитичарите на „Блумберг Интелиџенс“ се задлабочија во своите сценарија за да ги идентификуваат најинтересните компании од нивните високо доверливи „Фокус идеи“. Опфаќајќи различни сектори и региони, секое сценарио прецизира катализатор којшто во наредните месеци го поддржува нашиот случај. Корисниците на терминалот на „Блумберг“ можат да ги следат перформансите на акциите на годишната листа со индексите Блумберг Бизнисвик 2025 компании кои што треба да се следат (Bloomberg Businessweek 2025 Companies to Watch indexes). Листата на компании за кои „Блумберг Интелиџенс“ смета дека имаат поволна перспектива би обезбедила нето принос од 28 проценти досега оваа година, додека нашата песимистичка листа има раст од 20 проценти. И двете го надминаа S&P 500, кој се искачи за 13 проценти - Тим Крејгхед.
Како извршните директори ја оптимизираат својата рутина за спиење
Добре дојдовте во „Менаџери лично“, рубрика во месечникот „Блумберг бизнисвик Адрија“ во која директорите од целиот свет ни кажуваат како управуваат со своето време во и надвор од канцеларијата. Веќе дискутиравме на многу теми, на пример за нивните рутини за вежбање, омилени модни униформи, како го поминуваат викендот или каде бегаат на краток одмор.
Овој месец прашањето за менаџерите е тоа што ги преокупира речиси сите: Како да се оптимизира сонот? Одговорите се инспиративни: од ноќни ритуали и режими на витамини до микромедитативни сесии, полноќни прошетки и полчасовни бањи. Но се негува и заспивањето „на старомоден начин“.
Берзански преглед: „Редит“ изненади, „Мета“ се урна, Кина со нова ѕвезда
Минатата недела ја обележа средбата меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и кинескиот претседател Шји Џјинпинг, како и објавувањето на финансиските резултати на повеќето компании од групата Величествените 7. Само во петокот имавме можност да видиме значителни скокови на акциите, но на неделно ниво се забележаа и загуби — се издвојува една компанија од седуката, чии акции се намалија за повеќе од една десетина.
Најпрво, индексите. Најпрепознатливите американски индекси – S&P 500, технолошкиот Nasdaq 100 и индустрискиот Dow Jones – забележаа раст и во петокот и на неделно ниво. Во двата случаи победник е Nasdaq, кој во петок порасна за 0,48 отсто, а на неделно ниво за речиси два проценти.
ОПЕК+: Стагнација на производството на нафта во 2026 година
ОПЕК + се согласи да направи уште едно мало зголемување на производството во декември, но ќе паузира со понатамошни зголемувања во наредните три месеци.
Клучните членки, предводени од Саудиска Арабија, се согласија за време на видео-конференција во недела да вратат околу 137.000 барели дневно следниот месец, како што беше очекувано, што е во согласност со зголемувањата планирани за октомври и ноември. Сепак, групата објави дека ќе се воздржи од понатамошни зголемувања од јануари до март. Предлогот беше покренат поради послабата сезонска побарувачка, според еден делегат.
Кина ја запира контролата на извозот на некои од ретките метали
Кина е ги суспендира дополнителните извозни контроли за ретки земни метали и ќе ги прекине истрагите насочени кон американски компании во синџирот на снабдување со полуспроводници, соопшти Белата куќа.
Во саботата, Белата куќа објави информативен документ со некои детали од трговскиот договор постигнат претходно оваа недела меѓу претседателот Доналд Трамп и кинескиот лидер Шји Џјинпинг, со цел да се намалат тензиите меѓу двете најголеми економии во светот.