text size
Германското индустриско производство во септември порасна помалку од очекуваното, што укажува на тоа дека најголемата економија во Европа полека излегува од повеќегодишниот пад. Производството се зголеми за 1,3 отсто во однос на претходниот месец, соопшти вчера „Дестатис“. Тоа е значајно под средната процена од три отсто во анкетата на „Блумберг“. Растот го предводи скокот од 12,3 проценти во автомобилското производство.