text size
Групацијата НЛБ оствари нето-добивка од 131,6 милиони евра во третиот квартал, што е за еден процент помалку во однос на истиот период од претходната година, додека за првите девет месеци вкупната добивка изнесува 406 милиони евра. И покрај падот на каматните стапки од 150 базични поени, вкупните приходи во првите девет месеци го надминаа споредливиот период од минатата година за четири проценти и изнесуваа 963 милиони евра.