„Нова Љубљанска банка“ (NLB) им продаде обврзница на инвеститорите што ќе им донесе висок годишен принос од 6,5 отсто. Кои се причините за ваквата каматна стапка?
НЛБ со продажбата на обврзницата АТ1 собра 300 милиони евра капитал. За каматите ќе плаќа 19,5 милиони евра годишно.
Понудите достигнаа повеќе од една милијарда евра.
Прочитај повеќе
Конференција на „НЛБ Банка“: Иднината е тука, приспособете се на вештачката интелигенција
Конкуренцијата во платежната индустрија никогаш не била поголема.
пред 18 часа
Четириесет години „НЛБ банка“: Врвното корисничко искуство ќе биде фокус и во иднина
Секој четврти вработен и секој четврти пензионер во земјава се клиенти на „НЛБ банка“, а според истражувањата, брендот на банката е најпрепознатлив во земјата. Тоа значи дека е стожерна точка во општеството за услугите што ги дава, покажува студијата за социоекономското влијание на „НЛБ банка“ во земјава.
пред 23 часа
Бродњак: НЛБ сака да биде банка што најмногу им значи на луѓето
„НЛБ Банка“ е водечка банка во земјата во однос на кредити за население, тоа е многу важно и останува фокус на целата групација, рече Бродњак.
26.11.2025
Блаж Бродњак, НЛБ: Европската капитална унија е неопходна – вчера, не за 15 години
Водечките европски менаџери предупредуваат: без модернизација, работна сила и капитална унија, Европа ќе остане второкласен играч во новата глобална конкуренција.
24.11.2025
Резултати на НЛБ: Што го движи профитот?
Ги претставуваме операциите на најголемата банка во регионот Адрија во графикони.
06.11.2025
Обврзницата нема рок на достасување, но има можност за „предвремен откуп“ по пет години. Во тој случај банката им ги исплаќа главнината и каматата на сопствениците, а обврзницата престанува да постои.
Инвеститорите добро ја прифатија трансакцијата, соопштија од НЛБ, при што завршната листа на нарачки надмина милијарда евра – односно беше трипати поголема од понудениот обем на обврзници. Обврзниците добија кредитен рејтинг ББ- од агенцијата „Ес енд Пи“ (S&P Global Ratings).
„Инвестирањето во обврзници АТ1 може да биде многу ризично; понекогаш ги опишуваат како вложувања со висок принос на кои е прикачена рачна граната“, пишува „Блумберг“.
Поради силната побарувачка од инвеститорите, меѓу кои има управувачи на фондови, пензиски фондови, осигурителни компании и други институционални вложувачи, индикативната каматна стапка, првично поставена околу 7 отсто, е намалена за 50 базични поени, на годишни 6,5 отсто, информираа од НЛБ.
Издавањето ќе обезбеди дополнителен капитал за ширење на работењето и ќе ја поддржи амбициозната стратегија за раст на НЛБ, соопшти претседателот на Управата, Блаж Бродњак. Целта на банката е до крајот на 2030 година да достигне билансна сума поголема од 50 милијарди евра, редовните приходи да ги подигне над две милијарди евра и да оствари добивка од една милијарда евра.
Бродњак годинава во разговор за „Блумберг Адрија“ (Bloomberg Adria) изјави: „Со годишен раст од осум до девет отсто, до 2030 година би стигнале до 44 или 45 милијарди евра билансна сума. Доколку во меѓувреме се појават можни шанси за купување банка во Албанија, Федерацијата Босна и Херцеговина или на кој било друг од нашите целни пазари, можеби и во осигурителниот сектор, јасно кажавме дека би биле заинтересирани. Исто така, нè интересираат лизингот и влезот во финансиско-технолошки компании.“
„Каматната стапка го одразува систематското работење со инвеститорите и во целина е усогласена со споредливите издавачи. Банката е добро подготвена за следниот период на раст“, напиша Арчибалд Кремсер, член на Управата на НЛБ задолжен за финансиската област.
Зошто приносот на обврзницата АТ1 е толку висок во споредба со другите обврзници? НЛБ, на пример, во јануари годинава издаде четиригодишна обврзница Senior Preferred Note, со каматна стапка од 3,5 отсто годишно, во вредност од 500 милиони евра, а лани шестгодишна обврзница со стапка од 4,5 отсто, исто така во вредност од 500 милиони евра.
Словенија, пак, им овозможува на граѓаните принос од 3,4 отсто на „народната обврзница“ (тригодишна обврзница издадена во 2024 година), односно 2,75 отсто на тригодишната обврзница издадена годинава.
Вложувањето во обврзниците АТ1 е ризично.
„Каматната стапка го одразува систематското работење со инвеститорите и во целина е усогласена со споредливите издавачи. Банката е добро подготвена за следниот период на раст“, напиша Арчибалд Кремсер, член на Управата на НЛБ задолжен за финансиската сфера.
Просечниот принос на обврзниците АТ1 на европските банки годинава изнесува 6,8 отсто, покажуваат податоците на „Блумберг“. Тоа значи дека НЛБ постигнала натпросечно поволна каматна стапка.
„Постигнатата каматна стапка е приближно во согласност со овој тип обврзници, бидејќи обврските од AT1 обично се подредени на сите други обврзници и обврски на банката и како такви, во краен случај, можат да ги покријат или апсорбираат загубите на банката заедно со акционерите, доколку ги има“, коментираше за „Блумберг Адрија“ Алеш Чачовиќ, виш менаџер за инвестициски фондови во „Триглав инвестментс“ (Triglav Investments).
Банката може своите обврзници АТ1 да ги претвори во акции или да ја намали нивната вредност доколку финансиските показатели паднат под одредено ниво. Може и да го прескокне исплаќањето на каматата, без обврска подоцна да ја надомести. Обврзниците АТ1 немаат рок на отплата (perpetual), што значи дека никогаш не мора да бидат отплатени, освен ако банката одлучи поинаку.
Приносите на обврзниците АТ1 се високи токму поради повисокиот ризик што го носат. „Вложувањето во обврзниците АТ1 може да биде многу ризично; понекогаш ги опишуваат како вложувања со висок принос на кои е прикачена рачна граната“, напиша „Блумберг“.
Обврзниците АТ1 (Additional Tier 1) се најподредените обврзници што ги издаваат банките. Имателите на обични обврзници имаат право на имот или добивка на банката ако таа западне во тешкотии, додека имателите на обврзниците АТ1 се последни во редот за распределба на средствата.
Главнината не мора да се отплати.
„Блумберг“ објаснува дека обврзниците АТ1 во Европа станаа популарни по финансиската криза во 2008 година како инструмент за рекапитализација на банките. Тие се дизајнирани да им наметнат загуби на сопствениците на обврзници доколку на банката во криза ѝ е потребен капитал за да продолжи со работа.
Банката може своите обврзници АТ1 да ги претвори во акции или да ја намали нивната вредност ако финансиските показатели паднат под одредено ниво. Може и да го прескокне исплаќањето камата без да мора подоцна да го надомести. Обврзниците АТ1 немаат рок на отплата (perpetual), што значи дека никогаш не мора да бидат отплатени, освен ако банката го посака тоа.
„Блумберг“ (Bloomberg) предупредува дека во практика тоа значи дека инвеститорите го ризикуваат својот капитал, а банката нема обврска да го врати. Неплаќањето на АТ1-долгот не се смета ниту за неисполнување обврски ниту за кредитен настан.
Обврзниците АТ1, наречени и Коко (contingent convertible bonds), претставуваат хибрид меѓу долг и капитал. Со нив банката може да апсорбира загуби и тие се сметаат за дел од регулаторниот капитал на банката.
Во процесот на преземање на „Кредит Свис“ беа избришани обврзниците АТ1
Ризиците од овој вид инвестиции се покажаа во 2023 година, кога обврзниците АТ1 на „Кредит Свис“ (Credit Suisse) во вредност од 17 милијарди долари беа избришани, откако банката беше спасена од пропаѓање со помош на швајцарската држава и конкурентската банка „УБС груп“ (UBS Group), појасни „Блумберг“.
НЛБ веќе во 2022 година издаде подредена обврзница АТ1, со годишна каматна стапка од 9,721 отсто. Главнината изнесува 82 милиони евра. Банката може да ја отплати во период од пет до пет и пол години по издавањето – до 23 март 2028 година.
Обврзниците АТ1 не се наменети за обични мали инвеститори. Купувачите мора да бидат професионални или добро информирани инвеститори. Иако овие обврзници котираат на берза, малите инвеститори не можат да тргуваат со нив.
Најновите податоци од Банката на Словенија за работењето на словенечките банки покажуваат дека словенечките банки се задолжени со обврзници за 3,6 милијарди евра, што претставува 6,4 проценти од нивните обврски.
Дополнето со коментар од „Триглав инвестментс“ (Triglav Investments).