Европската комисија ќе ги претстави плановите за драстично намалување на нивоата на загадување низ целата Унија. Планот треба да ги намали за 70 отсто предвремените смртни случаи во следната деценија, а кои сега изнесуваат над 300.000 годишно, вели еврокомесарот за животна средина Вирџиниус Синкевичиус.
Мерките што ќе ги објави Европската комисија ќе вклучуваат ревизија на регулативите за загадување на воздухот во Унијата, во обид таа да се приближи до насоките поставени од Светската здравствена организација. Тоа значи дека ќе си постави за цел да се намали годишната граница на ситни честички - главниот загадувач - за повеќе од половина до крајот на деценијата.
„Сакаме да ја ставиме ЕУ на пат кон нулта загаденост на воздухот најдоцна до 2050 година“, рече Синкевичиус во интервјуто. „Чистиот воздух не треба да биде луксуз во Европа“.
Предлозите се очекува да генерираат годишни економски придобивки до 121 милијарди евра (120 милијарди американски долари) до крајот на деценијата преку зголемено растително производство, помалку изгубени работни денови и други фактори. Граѓаните кои ќе добијат здравствените проблеми заради аерозагадувањето ќе имаат право на надомест.
Комисијата ќе предложи и построги мерки за борба против загадувачите во отпадните води во областите со повеќе од 1.000 жители и ќе ја промовира нивната употреба за производство на биогас.
Последниот дел од пакетот ќе ги заштити резервите на вода во регионот со ажурирање на листата на загадувачи на ЕУ и зајакнување на системите за следење и предупредување. Загадувањето на реките се најде во фокусот во август, кога на алгите во полската река Одра им се случи една од најголемите еколошки катастрофи во земјата во последниве години.
Зголемените напори за справување со загадувањето доаѓаат заедно со плановите на блокот да постигне јаглеродна неутралност до средината на векот, што вклучува законодавство за постепено укинување на автомобилите со мотори со согорување до 2035 година и забрзување на воведувањето на обновливи извори на енергија без загадување.