Економијата на Германија се намали повеќе од очекуваното на крајот на 2022 година. Имено, аутпутот во четвртиот квартал од минатата година падна за 0,4 проценти, што е полошо од претходниот пресметковен период, кога беше во негатива од 0,2 процента.

Германското статистичко биро соопшти дека за таквите резултати првенствено е виновен падот забележан кај капиталните инвестиции и приватната потрошувачка, додека трошењето на владата имаше позитивен ефект.
Економистите предвидуваат уште еден негативен резултат овој квартал, што ќе ја втурне економијата во рецесија. И покрај тоа, невообичаено топлата зима значеше дека Германија ги избегна мрачните сценарија од кои се плашеа кога Русија ја нападна Украина пред една година.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...