Кога да започне намалувањето на каматните стапки е само првата точка во дебатата меѓу креаторите на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), кои исто така изгледаат подготвено да се пречкаат околу тоа како точно да го повлечат досега невидениот потфат за монетарно затегнување.
Официјалните лица моментално размислуваат дали да започнат со кратења во април или во јуни - релативно едноставна одлука, со оглед на тоа што тие исто така мора да ја одмерат големината на нивните чекори, колку брзо сакаат да продолжат и каде ќе завршат трошоците за задолжување.
Потенцијалната стратегија зависи од плусовите и минусите за дејствување порано и побавно наспроти подоцна и побрзо. Исто така, 26-те члена на Управниот совет мора да најдат начин да ги сигнализираат своите намери без да се откажат од многупати повторените ветувања дека ќе се водат од достапните податоци.
Прочитај повеќе
Политиката на ЕЦБ треба да одговори на забавувањето на инфлацијата
Ако инфлацијата се намалува и се намалува многу брзо монетарната политика треба да одговори
03.02.2024
Инфлацијата во еврозоната забави помалку од очекуваното, нова дилема за кратењата на ЕЦБ
По растот во декември, поттикнат од базичните ефекти, потрошувачките цени во јануари се зголемија за 2,8 отсто од годината претходно.
01.02.2024
ЕЦБ ќе ги намали стапките во јуни наместо во април
Официјалните лица ќе ја засноваат својата одлука на дојдовните податоци и мартовските проекции на ЕЦБ.
29.01.2024
Вилерој: Каматите ќе паднат, сите датуми се во игра
Економското забавување поради затегнатата политика е ризик за ЕЦБ
28.01.2024
ББА-анализа: ЕЦБ констатира дека инфлацијата опаѓа, но рано е за пониски камати
Банките во еврозоната очекуваат пораст на побарувачката за кредити во првиот квартал од 2024 година.
26.01.2024
Задачата е комплицирана од мноштво ризици - од преговорите за платите до икањето на економијата во еврозоната и прекините на транспортот во Црвено Море - кои би можеле да го киднапираат враќањето на инфлацијата на посакуваната цел од два отсто. Федералните резерви и Банката на Англија додаваат уште поголема неизвесност бидејќи и тие размислуваат кога и како да започнат со олеснување.
„Сите врати се отворени кога станува збор за темпото на намалување на стапките и големината на таквите чекори“, рече Анатоли Аненков, висок економист во „Сосиете женерал“ (Societe Generale), кој предвидува дека ЕЦБ ќе ублажува еднаш на секои три месеци од третиот квартал. „Тоа е дебата што треба да се води меѓу јастребите и гулабите, врз основа на податоците“.
Пред најновата одлука на ЕЦБ во јануари меѓу аналитичарите имаше широко спротивставени гледишта за тоа како ќе изгледа патот надолу. Додека некои се изјаснија за намалувања на секој состанок, откако ќе започне процесот, други очекуваа тајмаут на секоја втора сесија.
Проекциите за тоа колку ќе падне стапката на депозити од сегашното високо ниво од 4 отсто исто така значително се разликуваа: за средината на 2025 година, тие се движат од 1,5 до 3,25 проценти. Економистите на „Дојче банк“ сега дури гледаат и дека воведните две намалувања би биле од по 50 базични поени.
Извесна јасност може да произлезе од собирот на ЕЦБ на 6 и 7 март, каде што новите квартални проекции ќе помогнат да се реши полемиката меѓу официјалните лица што се залагаат за потег следниот месец и оние што сакаат уверување од дополнителните податоци за инфлацијата и бројките за платите.
Засега се чини дека вториот тиме поголем и ги вклучува претседателката Кристин Лагард и главниот економист Филип Лејн, кои го навестија јуни како поверојатна опција. Тие исто така можеби се свесни за доцнењето на ЕЦБ во одговорот на најновиот скок на цените.
Мартинс Казакс од Летонија предупреди на повторување на 1970-тите и 80-тите, кога стапките беа прерано намалени, инфлацијата се врати и трошоците за задолжување беа одново зголемени.
Тој и другите јастреби ја поттикнаа идејата за задржување на жарот засега за да се осигури дека инфлацијата навистина е на вистинскиот пат, но потоа да се нападне со користење поголеми намалувања.
„Има многу начини да се дојде до два отсто“, изјави тој за телевизијата „Блумберг“ во јануари. „Можете да направите помали чекори порано или поголеми нешто подоцна“.
Една од опасностите од побрзо движење е предизвикување паника дека еврозоната не се движи кон мекото приземјување што креаторите на политиката изразија уверување дека ќе го постигнат. Официјалните лица исто така уште еднаш би можеле да се соочат со обвинувања дека дејствувале предоцна.
Гулабите во таборот, како Марио Сентено од Португалија, се за „постепен“ процес што започнува порано - загрижени дека доцнењето би можело да доведе до зголемување на цените.
„Нешто би требало да се случи за ЕЦБ да ги намали стапките со поголеми чекори, како брзо влошување на економската ситуација или ненадејно силно повлекување на инфлацијата“, вели Јоерг Ангеле, економист во менаџерот на средства „Бантлеон“ (Bantleon). „Економијата можеби изгледа слабо, но пазарот на трудот е отпорен. Значи, има доволно време да се направи тоа полека“.
Тој предвидува намалувања за по четвртина поен почнувајќи од април, со што стапката на депозити ќе достигне 3 отсто до септември - ниво што тој очекува ЕЦБ да го задржи барем до крајот на 2025 година.
Други гледаат многу пониска завршна точка, додека предвидуваат до каде може да се разликуваат мислењата за Управниот совет.
„Природната каматна стапка во еврозоната - со нејзината влошена демографија и непостоен раст на продуктивноста - во најдобар случај е близу 1 отсто и тука веројатно ќе се движат стапките на ЕЦБ на среден рок“, рече Неријус Мациулис, главен економист во „Сведбанк“ (Swedbank).
Тој исто така предвидува прв потег во април, но потоа гледа намалувања на секој состанок до јуни 2025 година, што ќе ја оставаат депозитната стапка на само 1,5 отсто. Тој не исклучува и поголеми чекори, велејќи дека „во наредните месеци ќе стане очигледно дека нема никакви инфлациски фактори“.
Паузите се навистина веројатни, според гувернерот на хрватската централна банка Борис Вујчиќ. И сè додека инфлацијата ја задржува моќта да изненади во која било насока, непредвидливоста ќе опстојува.
„Можат да се согласат да тргнат порано ако видат некаква вредност во тоа, а ако се плашат да не направат погрешно, можат да направат пауза за да почекаат податоци и да видат дали тие го потврдуваат трендот“, вели Аненков од „Сосиете женерал“.
„Она што е јасно е дека тие не можат да се извлечат од зависноста од податоците“, додава тој. „Пазарот сака јасност, но нема да ја добие, освен ако изгледите не се сменат драстично“.