Исполнети се условите да ги намалиме акцизите за дизелот за 4 денари, а на бензините за 2 два денара по литар, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека за утре во 11 часот веќе е закажана седница на Владата за донесување на мерки за заштита од поскапувањето на горивата.
„Берзата за нафтата се затвори во четвртокот заради велигденските празници и нашите калкулации покажуваат дека дизелот требаше да поскапи некаде околу 7 денари, а бензините 1,5 до два денара. Со промената на акцизите претпоставувам дека цената на дизелот во понеделник ќе се коригира за околу 3 денари“, посочи премиерот.
Имајќи предвид дека во меѓувреме истекува попустот што го дава „Окта“ од 3 денари за дизелот, премиерот посочи дека ќе се разговара со компанијата за продолжување на попустот и понатаму.
Прочитај повеќе
„Макпетрол“: РКЕ носи одлуки без консултации што ги загрозуваат трговците и стабилноста на пазарот
Од компанијата реагираат откако признатиот трошок за работење преку склад беше намален за околу 30 проценти по литар.
30.03.2026
Дали горивата ќе поевтинат - „Окта“ понуди попуст кој за „Макпетрол“ е недоволен
Од денеска до крајот на овој месец „Окта“, најголемиот снабдувач со деривати во земјава, ќе обезбеди попуст од 2 денари по литар дизел и бензини, за трговците кои набавуваат горива од компанијата.
13.03.2026
„Доколку го продолжат понатаму ќе нема зголемување за дизелот од максималната цена што ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика. За бензините значи дека ќе поевтинат околу половина денар и доколку 'Окта' го продолжи попустот од два денара за литар тоа значи дека ќе имаме повторно намалување за 2,5 денари на цената на бензините“, изјави Мицкоски.
Намалената акциза, како што рече, ќе влијае со десетици милиони евра на Буџетот, но додаде дека во Буџетот има доволно средства.
Најави дека за уште две недели ќе продолжи и мерката за намалено ДДВ за горивата од 10 проценти, а за понатаму, како што кажа, ќе се следи состојбата и ќе се реагира навреме.