Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати со која малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се намалува за 0,50 денари за литар и од полноќ ќе изнесува 83,50 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98, не се менува, односно останува на исто ниво од 85,50 денари за литар. Малопродажната цена на еуродизелот (Д-Е V), се зголемува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 98 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 3 денари за литар и ќе се продава по цена од 95,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,901 денари за килограм и ќе изнесува 51,311 денари за килограм.
Од РКЕ објаснија дека во формирањето на новите цени влијание имале одлуките на Владата за намалување на акцизите и за повластената даночна стапка за одредени енергенти.
„Согласно донесените одлуки променет е елементот кој влегува во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, односно намалени се износите на акцизите за дизелските фракции за 4,00 ден/лит и износите на акцизите за бензинските фракции за 2,00 ден/лит, согласно членот 92, став 11 од Законот за акцизи. Исто така е продолжено и времетраењето на Одлуката за намалениот износ на ДДВ за нафтените деривати во износ од 10 проценти, со исклучок кај мазутот“, наведуваат од РКЕ.
Прочитај повеќе
Саудијците ја зголемуваат цената на нафтата за Азија на рекордно високо ниво
„Сауди Арамко“ со рекордни цени и пренасочени испораки, војната го нарушува снабдувањето и ги зголемува ризиците на пазарот.
пред 1 час
Новиот рок на Трамп за Иран ги држи пазарите под уште поголем притисок
Пазарите остануваат на работ додека новиот рок на Трамп ја зголемува неизвесноста, а дипломатските напори за прекин на огнот се соочуваат со сериозни пречки.
пред 3 часа
Цените на нафтата флуктуираат додека трговците го проценуваат притисокот за прекин на огнот во Иран
Глобалниот бенчмарк Брент се тргуваше под 110 долари за барел, додека Вест Тексас Интермедиет беше близу 112 долари.
пред 6 часа
Војната со Иран може трајно да ја прекрои глобалната енергетска безбедност
Експертката од „Кембриџ“, Хелен Томпсон, предупредува дека војната со Иран може трајно да ја смени глобалната енергетска слика, разнишувајќи ги старите правила за снабдувањето, транспортот и цените на нафтата и гасот.
пред 7 часа
На вонредна владина седница ќе се намалат акцизите за горивата
За утре (недела) е закажана седница на Владата за донесување на мерки за заштита од поскапувањето на горивата.
04.04.2026
Оттаму соопштија дека доколку Владата не го продолжеше времетраењето на намаленото ДДВ и не интервенираше во акцизата, цената на бензините ќе беше повисока за 8,50 ден/лит, а на дизелот за 12,00 ден/лит во однос на денешната одлука, односно максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваа: 92 денари за литар еуросупер БС – 95, 94 денари за литар еуросупер БС-98, 110,00 денари за литар еуродизел и 107 денари за екстра лесното масло за горење.
РКЕ им укажува на нафтените компании да продолжат со постојната пракса и да го вкалкулираат обезбедениот попуст од страна на Владата со главниот добавувач ОКТА и да ги намалат малопродажните цени за 3 ден/лит за дизел и 2 ден/лит за бензините, со што ќе овозможат бенефитот од ова намалување директно да го почувствуваат граѓаните.