Со сет мерки Владата ќе се обиде да ја стабилизира цената на вештачките ѓубрива во земјава. На денешната седница Владата донесе пакет одлуки кои се однесуваат на пазарот на ѓубрива, заштита на земјоделците и обезбедување континуирано снабдување во пресрет на земјоделската сезона.
„Овие одлуки се донесени согласно Законот за трговија, а врз основа на претходно направена анализа од страна на Министерството за економија и труд во соработка со Државниот пазарен инспекторат за движењето на цените на ѓубривата на домашниот пазар во трговијата на големо и трговијата на мало во периодот февруари-април 2026 годинана и за движењето на увозните цени на ѓубрива во периодот јануари-април 2026 година“, стои во соопштението.
Со првата одлука се утврдуваат посебни услови за трговија со неоргански, органски и органо-минерални ѓубрива, како и биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата.
Прочитај повеќе
Зошто Македонија и регионот се најзасегнати од растот на цените на вештачките ѓубрива?
Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток затоа има далекусежни последици за инфлацијата преку синџирот: енергија - минерални ѓубрива - храна - инфлација.
16.04.2026
Се кројат новите цени на храната - ѓубривата поскапеа до 40 отсто
Вештачките ѓубрива во земјава веќе имаат нови цени, од 30 до 40 отсто повисоки од претходно. Тоа главно се однесува на азотните ѓубрива, кои во моментов се најбарани затоа што во овој период се најпотребни за пченицата.
31.03.2026
Низ графикони: Како војната во Иран ја нарушува глобалната трговија
Еден тесен премин во Персискиот залив го тресе глобалниот транспорт на нафта, гас и стоки. Дали блокадата на Ормускиот теснец ќе ја забави светската економија?
07.03.2026
Војната ги зголемува ризиците за земјоделците: ценовен шок кај вештачките ѓубрива
Војната на Блискиот Исток предизвика големи нарушувања во глобалните залихи на азотни хранливи материи за земјоделството. Сега се појавува потенцијално поголема закана во друг важен дел од пазарот на ѓубрива.
22.03.2026
Истовремено, се воведува ограничување на бруто профитните маржи во целиот трговски синџир.
Максималната маржа за неорганските ѓубрива се ограничува на максимални отсто во трговијата на големо и мало.
За останатите видови ѓубрива и сродни производи, маржите се ограничуваат на максимални 10 отсти во трговијата на големо и мало.
„Дополнително, трговците се задолжуваат да обезбедат континуирана достапност на овие производи, односно да продаваат најмалку 70 отсто од просечните месечни количини, со што се спречува создавање вештачки недостиг на пазарот“, стои во соопштението.
Со втората одлука, Владата утврди и директна мерка за намалување на цените на постојните количини на неоргански ѓубрива во трговијата на големо набавени до 15 април 2026 година.
Имено, највисоките цени се фиксираат на нивото од 15 април 2026 година, намалени за 10 отсто само за количините на ѓубрива набавени до 15 април 2026 година, и ќе важат до целосно исцрпување на истите.
„Овие мерки имаат за спречување на ценовни шокови, заштита на домашното земјоделско производство, обезбедување фер услови на пазарот како и навремено снабдување на земјоделците со неопходни репроматеријали. Одлуките ќе се применуваат до 31 мај 2026 година“ се наведува во соопштението.
„Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека минералните ѓубрива се клучна алка во преносот на енергетските шокови врз цените на храната и инфлацијата Според тврдењата на земјоделците од почетокот на конфликтот и затворањето на Ормускиот Теснец, нивната цена во земјава се зголеми за околу 40 отсто.
Орумскиот Теснец е клучен во снабдувањето со ѓубрива затоа што Блискиот Исток учествува со околу една петина од глобалната трговија со три клучни фосфатни производи. Но речиси половина од светската понуда на сулфур – кој се претвора во сулфурна киселина за обработка на фосфатни ѓубрива – доаѓа од земји во Блискиот Исток кои се ранливи на нарушувањата во Ормускиот теснец.
„Минералните ѓубрива, базирани на азот, фосфор и калиум (NPK), се клучни за приносите во современото земјоделство. Тие се најважни кај полските култури како што се пченицата, пченката и маслодајните семиња, но исто така и во одгледувањето овошје и зеленчук“, напиша нашиот аналитичар Руди Лукачиќ.
Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток затоа има далекусежни последици за инфлацијата преку синџирот: енергија - минерални ѓубрива - храна - инфлација.
„Цените на уреата и сулфурот од Блискиот Исток се удвоија од крајот на вториот месец, додека цената на амонијакот се зголеми за околу 50 проценти, токму во раната пролет, за време на сеидбата кога земјоделците интензивно применуваат минерални ѓубрива“, вели Лукачиќ.