Забрзува инфлацијата во земјава. Индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи зголемување од 5.7 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.0 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
На месечно ниво најголем раст има кај транспортот од 10, 1 отсто, а инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1.3 отсто.
„Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 10.1 отсто, рекреација, спорт и култура за 1.4 отсто, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.2 отсто, храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 отсто, облека и обувки, лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги и информации и комуникации за 0.6 отсто, ресторани и услуги за сместување за 0.4 отсто, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, здравствена заштита и услуги за образование за 0.3 отсто“, стои во соопштението на ДЗС.
Прочитај повеќе
НБРМ ја задржа основната камата на четири проценти, но предупредува на можно зголемување
Остварувањата кај инфлацијата се малку повисоки од проекцијата, што заедно со повисоките увозни цени споредено со досегашните оцени, создаваат изразени нагорни ризици.
05.05.2026
Нова фискална стратегија на Владата: Повисока инфлација, понизок раст на БДП
Раст на БДП во 2026 година од 3,5 проценти, а инфлација од 4,5 проценти.
06.05.2026
Зголемувањето на каматните стапки во јуни е речиси неизбежно
Сосема е веројатно дека Европската централна банка ќе мора да ги зголеми каматните стапки на следниот состанок во јуни поради војната со Иран, изјави членот на Управниот совет Петер Казимир.
04.05.2026
Растот на еврозоната забавува, можноста за стагфлација сè поблиска
Европа се соочува со зголемени ризици од стагфлација и подолготрајна економска неизвесност.
30.04.2026
Намалувањето на инфлацијата во април 2026 година, во однос на март 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групата покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.2 отсто.
На годишно ниво најголем раст е забележан кај алкохолните пијалаци 10.2 отсто и кај храната од 8 отсто.