text size
Владата ги намалува прогнозите за растот на македонскиот бруто домашен производ, а ги зголемува проекциите за инфлацијата во новата фискална стратегија за периодот 2027-2031 година. Според основното макроекономско сценарио, се очекува дека растот на БДП во 2026 година ќе биде 3,5 проценти, наместо 3,8 проценти како што беше проекцијата во условно кажано старата ревидирана фискална стратегија за периодот 2026-2030 година.