text size
Инфлацијата во Европа оди во погрешна насока. Прелиминарните податоци покажаа дека стапката во август би се искачила на 3,3 отсто во однос на истиот месец лани. Во јули изнесуваше 2,9 отсто и ако проценките се остварат, ова ќе биде најголем скок од 2023 година. Главниот поттик за инфлацијата се трошоците за енергенти кои растат поради континуираните тензии на Блискиот Исток.