text size
За 18,3 проценти поскапело кафето во Македонија во август, годинава споредено со истиот месец, минатата година, покажуваат најновите податоци на „Еуростат“. Истовремено, шеќерот поскапел за 58,8 проценти, а на свежото полномасно млеко за 29,6 проценти. Поскапувањата очигледно ќе им го „згорчат“ животот на голем број граѓани на кој утринското кафе им е редовен ритуал. „Најзагрозени“ се оние кои пијат кафе со шеќер и млеко.