text size
Забревтан раст на прометот има кај македонските трговци кои се занимаваат со продажба на храна и непрехранбени производи на големо и на мало, а главна причина за тоа е рекордната инфлација односно зголемувањето на цените на речиси сите производи во малопродажбата во изминативе месеци. Статистичките податоци откриваат дека прометот во внатрешната трговија на големо и на мало урива рекорди кај повеќе групи производи, но станува збор за номинален раст што значи дека растат сумите што завршуваат во касите на трговците, но не и продадените количини.