text size
Според анализата направена заедно со УНДП за функционирањето на општините во оваа криза, во сите општини во земјава вкупните трошоци за енергија во периодот јануари-септември 2022 година, споредено со истиот период минатата година, се зголемени за една милијарда денари, што во споредба со вкупните приходи, кои изнесуваат околу 40 милијарди денари, претставува голем трошок, изјави во интервју за МИА министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.