text size
Ние сите заедно, целиот балкански регион, треба да го гледаме земјоделското производство како заедничка шанса за настап на пазарот на ЕУ. Имаме идеални климатски услови и треба да го искористиме тоа што ни го дала приодата. Но, за успех е потребно да настапиме заедно со позначајни количини на стандардизирани производи, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на конференцијата „Grow Up“ што се одржува на Копаоник.