text size
Во периодот јануари – декември 2021 година во Агенцијата за катастар на недвижности се запишани товари врз 8.386 недвижности со вкупна вредност од 1.997.252.023 евра. Податоците на Катастарот откриваат дека лани имало зголемување на бројот на недвижности ставени под хипотека. Имено, во 2020 година биле запишани товари на вкупно 7.649 недвижности вовкупна вредност од 2,3 милијарди евра.