text size
Управата за јавни приходи по основа данок на солидарност заклучно со вчерашниот ден наплатила 2,3 милијарди денари. Од вкупно 156 компании што имаат обврска да го платат тој данок, 26 компании сè уште не го платиле и должат вкупно 726,6 милиони денари, и покрај рокот што им е даден од Управата за јавни приходи.