text size
Компаниите АД „Мепсо“, АД МЕМО и „Електродистрибуција“ ги поднеле до Регулаторната комисија за енергетика барањата за цената на електричната енергија што ќе важи од 1 јануари. Станува збор за три од петте елементи што ја сочинуваат крајната цена и кои РКЕ има надлежност да ги утврдува. Доколку бидат прифатени сите барања од компаниите, цената на струјата ќе се зголеми за 27 отсто.