text size
Вкупните депозити во ноември годинава забележаа месечен раст од 0,9 проценти, којшто се должи на зголемените депозити на двата сектори, со поизразен придонес на корпоративниот сектор, информира Народната банка. Годишниот раст изнесува 7,2 проценти и е резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“. Во ноември, вкупните кредити се зголемени за 0,3 проценти, во целост како резултат на повисоките кредити на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 5,2 проценти, којшто се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.