Македонија

Ковачевски: Стануваме железничка крстосница на Балканот

Извор: МИА

20 јули 2022, 18:24

Владата потпиша договори за изградба и реконструкцијата на пруги

Станува збор за инвестиција од 200 милиони евра

Ковачевски: Стануваме железничка крстосница на Балканот

MIA

Регионално поврзување на земјата со европските железнички коридори и отворање на нови европски рути за железнички превоз се дел од придобивките од изградбата и реконструкцијата на пруги на коридорите 8 и 10 за што денеска во Владата беа потпишани договори.

Станува збор за инвестиција од 200 милиони евра со која се планирани ревитализација на Коридорот 8 на делницата Куманово – Бељаковце, делницата Бељаковце – Крива Паланка, како и ремонт на делницата Ногаевци – Неготино на Коридорот 10. Вкупно ќе бидат опфатени околу 96 километри.

„Ова е последниот од неколкуте големи инфраструктурни проекти со кои се заокружува идејата за Северна Македонија како крстосница на Балканот, а кој ќе овозможи регионално поврзување и интеграција на Република Северна Македонија во европските железнички коридори. Инвестицијата воедно ќе обезбеди отворање на нови европски рути за железнички превоз и ќе нѐ поврзе со пристаништата во Албанија и Бугарија. Регионалното поврзување од овој тип е исклучително важен момент за нашата економија“, истакна премиерот, Димитар Ковачевски, на потпишувањето на договорите.

Со оваа инфраструктурна инвестиција, како што посочи, се отвораат и обезбедуваат нови пазари за домашните компании, а алтернативните рути што ги обезбедува оваа инвестиција ќе значат и поевтин транспорт за компаниите, намалувајќи го товарот врз стопанството кое го носи економската и енергетска криза во која се наоѓаме.

„Со рехабилитациските зафати на Коридорот 8 по речиси 30 години, железничката пруга која ја поврзува Република Северна Македонија со Република Бугарија станува реалност. Овој проект ќе биде од пошироко значење и за стопанството, за бизнисот, но и влог во европската агенда за функционално железничко поврзување на целиот регион. Пристапувањето во ЕУ покрај тоа што е политички процес, воедно е и процес на инфраструктурно и економско поврзување. Овој процес се движи паралелно и е подеднакво важен бидејќи носи опипливи придобивки врзани со подобрување на бизнис климата но и со подобрување на квалитетот на живот на граѓаните“, рече Ковачевски.

Според него, импактот којшто инвестицијата ќе го има врз развојот и реформите во железничкиот сектор се несомнени.

„Реформите се долг процес, но тие претставуваат неопходен предуслов за железнички транспорт каков што сите посакуваме: подеднакво развиен, безбеден, брз и еколошки како и во земјите на Европската Унија. Придобивките од развиениот железнички транспорт се неколкукратни и затоа сите ние треба да продолжиме да работиме на модернизација на железницата преку заеднички проекти со нашите партнери од ЕУ со цел ефикасна и модерна железничка мрежа во регионот“, порача Ковачевски.

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година
Македонија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година

Цените на становите во Скопје вртоглаво растат во последниве две-три години, иако не е дека не се градат нови станови, па нема доволно понуда.

пред 5 часа

Автор: Владимир Николоски

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година
Македонија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година

Цените на становите во Скопје вртоглаво растат во последниве две-три години, иако не е дека не се градат нови станови, па нема доволно понуда.

пред 5 часа

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите