Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2024 година , изнесува 39.542 денари, што е намалување во однос на претходниот месец кога изнесуваше 39.998 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2024 година во однос на јануари 2023 година е зголемена за 16,5 проценти.
„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување (27,8 проценти), снабдување со вода отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,2 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (19,1 проценти)“, информираат од Државниот завод за стаистика.
Прочитај повеќе

Просечната плата во Македонија се зголеми на рекордни 39.998 денари
Зголемувањето се должи пред сè на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите јавна управа и одбрана.
22.02.2024

Просечната плата изнесува 38.359 денари, нашите аналитичари очекуваат раст
Инфлаторната епизода продолжува да влијае на барањата на вработените за повисоки плати, а од март годинава се очекува зголемување на минималната плата од 11,5 проценти.
23.01.2024

Раст на просечната плата над инфлацијата пет месеци по ред
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2023 година изнесува 36.390 денари.
20.10.2023
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: градежништво (10,9 проценти), преработувачка индустрија (4,9 проценти) и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8 проценти).