text size
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2024 година , изнесува 39.542 денари, што е намалување во однос на претходниот месец кога изнесуваше 39.998 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2024 година во однос на јануари 2023 година е зголемена за 16,5 проценти.