text size
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) доби 135 претставки од осигуреници кои се жалат на услугите на осигурителни компании и брокерски друштва во првите шест месеци годинава, соопшти Агенцијата. Врз основа на обработените претставки, утврдени се пропусти во постапувањето кај две осигурителни компании за што се изречени и парични казни.