text size
Во Македонија, рестрикции на електрична енергија не се опција. Овие мерки за штедење кои беа усвоени мора само да придонесат да нема рестрикции. Правиме максимални напори да произведеме доволно електрична енергија од домашни извори и да не се потпираме на увоз затоа што, знаеме дека во зимските месеци цената на струјата може да достигне и до 1.000 евра за мегаватчас, изјави Васко Ковачевски, директор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).