Управата за јавни приходи најавува спроведување даночни контроли кај градежните компании. Во соопштението се наведува дека ќе се проверуваат „утврдени потенцијални ризични состојби“.
Како ризични состојби Управата ги наведува: продажба на објекти по истекот на пет години од нивната изградба, договори со нереално ниска продажна вредност, непријавени вработувања и ангажмани, значителни разлики меѓу реалниот обем на изградба и пријавените приходи од продажба, издавање фактури без прибелешки во јавните книги, неправилна примена на механизмот за пренос на даночна обврска (reverse charge).
„Целта на овие контроли е откривање и санкционирање на даночни неправилности, заштита на буџетските приходи и обезбедување фер услови за сите учесници на пазарот. Апелираме до сите градежни компании и инвеститори да ги прегледаат своите финансиски и даночни практики и да обезбедат усогласеност со законските прописи. Доброволното даночно усогласено работење придонесува за фер конкуренција, заштита на буџетот и јавниот интерес, градење доверба во институциите и економскиот систем, подобра деловна репутација и предвидливост во работењето“, стои во соопштението на УЈП.
Прочитај повеќе

Дрвената граѓа поскапува - ќе се одрази ли тоа во градежништвото кај нас?
Цената на дрвената граѓа е под влијание на трошоците за суровини, енергија и логистика, намалената понуда поради климатските влијанија и рестриктивните политики за сеча.
30.07.2025

За пет години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра
Од регионот, најмногу купуваат Бугарите, а од Европа - Кипраните и Турците.
25.07.2025

Вртоглав раст на цените на становите во Скопје од 22,3 проценти во вториот квартал од 2025 година
Цените на становите во главниот град продолжуваат со забревтан раст во период во кој се бележи спласнување на изградбата на нови станови.
05.07.2025

Во Охрид следува бум во изградба на станови, во Скопје стагнација
Само во април се издадени за 39 отсто повеќе градежни дозволи од истиот месец лани, но за првите четири месеци динамиката е послаба.
01.07.2025

Статистички, полесно купуваме стан во 2025 одошто во 2010 година. Но само статистички...
Статистички гледано, пред 15 години со просечна плата побрзо се купувал просечен стан во Македонија.
09.06.2025

Високите цени не се проблем - забрзува продажбата на станови
Заклучно со март биле продадени вкупно 1.947 стана во вредност од 137 милиони евра.
22.05.2025
Управата за јавни приходи, во рамки на „Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор“ усвоен во јануари 2025 година, започна со спроведување на засилени активности насочени кон даночните обврзници од градежниот сектор.
„Според направените анализи, овој сектор е идентификуван како високоризичен од аспект на даночна дисциплина, особено во контекст на актуелните пазарни трендови, зголемената побарувачка за недвижности и зачестеното плаќање во готово“, наведува УЈП.
Овие активности претставуваат основа за даночно усогласено работење на обврзниците од овој сектор. Преку овој пристап, Управата за јавни приходи има за цел да се поттикне одговорно однесување на даночните обврзници од градежниот сектор и да се создадат услови за доброволна усогласеност, што е во интерес и на обврзниците и на јавните финансии.
„Управата за јавни приходи потсетува дека, согласно важечките законски прописи, првиот промет на станови во рок од пет години по изградбата подлежи на оданочување со повластена стапка на ДДВ од 5 отсто. По истекот на пет години, прометот е ослободен од ДДВ, но без право на одбивка на влезниот данок, што подразбира обврска за корекција кај обврзниците кои претходно го одбиле истиот“, соопшти УЈП.
Управата за јавни приходи достави 318 персонализирани известувања до таргетирани даночни обврзници од градежниот сектор, со кои ги повика да извршат корекција на одбивката на влезниот данок на додадена вредност (ДДВ) во вакви случаи. Оваа мерка има превентивен карактер и овозможува усогласување со законските обврски, со цел избегнување на санкции и дополнителна постапки за контрола.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...