Македонија се најде на шестото место меѓу 105 земји од светот рангирани во извештајот Greenfield FDI Performance Index за 2025 година кој пресметува колку странски инвестиции привлекле земјите во однос на нивниот БДП. Во извештајот кој веќе десет години го подготвува „ФДИ интелиџенс“ (FDI Intelligence) специјален истражувачки оддел на „Фајненшл Тајмс“ (Financial Times) се нагласува дека Македонија со помалку од два милиона жители и номинален БДП од околу 16 милијарди долари е пример за земја од Западен Балкан која ги надминува своите можности кога станува збор за привлекување странски директни инвестиции.
На првото место на листата повторно се најдоа Обединетите Арапски Емирати, на второто место е Намибија, а на третото Костарика. Од земјите од регионот освен Македонија, којашто е најдобро пласирана меѓу првите десет земји на глобално ниво се најдоа и Босна и Херцеговина (7.место) и Србија (8. место). Хрватска е рангирана на 20. место на глобалната листа, а најлошо е рангирана Словенија на 79.место.
Од вкупно 105 оценети земји во извештајот, околу 85 забележаа индексен резултат над еден, што значи дека нивниот удел во глобалните проекти за гринфилд странски директни инвестиции во 2024 година бил поголем од нивниот удел во глобалниот БДП во истата година. Останатите 20 земји имаат резултат под еден, што значи дека привлекле помалку странски директни инвестиции во однос на големината на нивната економија.
Прочитај повеќе

Македонија урна рекорд во странските инвестиции: Прилив од 838 милиони евра за девет месеци
Доколку приливот на странски инвестиции продолжи со исто темпо голема е шансата Македонија прв пат во историјата да оствари над милијарда евра странски директни инвестиции во текот на една година.
02.12.2024

Енергетски бум во најава, увозот на струја во Македонија расте
Во мај годинава увозот на струја бил за 25,9 отсто поголем во однос на истиот месец минатата година
29.07.2025

„Алказар енерџи партнерс“ ќе добие поддршка од ИФЦ за ветерниот парк во Штип
Договорот ѝ дава пристап на АЕП до развојно финансирање за првата фаза на штипскиот ветерен парк, кој треба да започне да се гради подоцна во 2025 година.
15.04.2025
Можност за продлабочување на инвестицискиот потенцијал на Македонија
Од „ФДИ интелиџенс“ нагласуваат дека во Македонија традиционално влегувале странски директни инвестиции во производството и деловните услуги, но се нагласува дека „во 2024 година се случија нови големи инвестиции во енергетскиот сектор што би можеле да го продлабочат нејзиниот инвестициски потенцијал во наредните години“. Оттаму ја посочуваат највената инвестиција на фондот за обновлива енергија со седиште во Дубаи, „Алказар Енерџи“ во ветерна фарма од 400 MW во Штип за која се очекува да изнесува 500 милиони долари.
„Проектот е во фаза на подготовка за изградба и се очекува да започне кон крајот на годината откако ‚Алказар‘ ќе го финализира финансирањето на проектот“, изјави соосновачот и управувачки партнер Даниел Калдерон за „ФДИ Интелиџенс“.
Извор: Елемент ПР
Калдерон вели дека „со ветерните ресурси на Македонија и цената на капиталот во регионот, проекти како овој веќе можат да достигнат рентабилност на околу половина од сегашните цени на големо за електрична енергија“. Цените на големо во Западен Балкан во просек изнесуваа околу 140 евра/MWh во првиот квартал од 2025 година. „Ова ја нагласува економската основа за обновливите извори на енергија во регионот“.
Промена на фокусот
Од „ФДИ интелиџенс“ укажуваат дека проектот не само што ќе ја докаже изводливоста на странски директни инвестиции во секторот за обновлива енергија во земјата - во минатото беа најавени неколку други проекти во ветерната и сончевата енергија, но ниту еден не е во функција – туку ќе ја зајакне и агендата за одржливост и енергетската безбедност на земјата, бидејќи земјата произведува 40 проценти од својата енергија од јаглен и останува нето увозник на електрична енергија, според бројките од Меѓународната агенција за енергија. Со тоа, ќе се надгради целата економија и нејзините извозни сектори, исто така во светлината на претстојниот Механизам за прилагодување на јаглеродните граници на ЕУ.
„Нашиот фокус се оддалечи од нискобуџетните, трудоинтензивни проекти кон сектори со висока додадена вредност и капитално интензивни сектори - особено во автомобилските компоненти, медицинските помагала, услугите, ИТ и обновливите извори на енергија“, изјави Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на земјата „ФДИ Интелиџенс“.
Тој додава дека Македонија повеќе не е фокусирана само на обемот и дека стратешки ги насочува странските директни инвестиции кон структурна трансформација.
„Целта е да се изгради поинклузивна и поотпорна економија преку поврзување на странските инвеститори со домашните добавувачи и забрзување на создавањето локална вредност“, наведува Муцунски.
Од „ФДИ Интелиџенс“ посочуваат дека клучен елемент во привлекувањето на СДИ на Македонија е нејзиното членство во НАТО, кое ја зголемува нејзината геостратешка вредност од 2020 година, и нејзината континуирана интеграција со инфраструктурата на Европската Унија, како што се енергетските и транспортните коридори. Оттаму наведуваат дека пошироките пристапни преговори со ЕУ официјално започнаа во 2022 година и потенцираат дека земјата сè уште има работа што треба да ја помине кога станува збор за надградба на својата работна сила и реформирање на својата економија и институции.
„Реформата во образованието, развојот на инфраструктурата и посилното управување ќе бидат клучни за одржување на овој моментум“, заклучува Муцунски. „Визијата на владата на среден и долг рок е да ги поддржи домашните компании да станат конкурентни партнери во глобалните синџири на снабдување на мултинационалните инвеститори што работат во земјата.“
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...