Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2025 година изнесувала 45.468 денари, сооптши денес Државниот завод за статистика (ДЗС). Во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8,4 проценти.
„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: образование за 14,7 проценти, дејности на здравствена и социјална заштита за 12,7 проценти и рударство и вадење на камен за 12,2 проценти“, информира ДЗС.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување за 7,5 проценти, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 4,3 проценти и транспорт и складирање за 2,1 проценти.
Прочитај повеќе

Нов рекорд на просечната плата – се доближува до 46.000 денари
На годишно ниво растот на просечната плата изнесува 11 отсто
23.07.2025

ББА коментар: Колку просечни плати им требаат на Македонците за нов стан од 60 квадрати?
Периодот на висока инфлација ги мотивираше инвестициите во недвижности, со цел да се зачува вредноста на парите.
08.04.2025

Растат платите, растат и цените. Кој е побрз?
Просечната исплатена нето-плата во декември 2024 година изнесувала 43.587 денари. За една година номиналната вредност на платата е зголемена за девет проценти, а реално за 4,4 отсто.
21.02.2025
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...