Во услови на голем број предизвици од опкружувањето, во текот на 2024 година бројот на правни лица над кои е отворена стечајна постапка се зголеми, што предизвика зголемување на стапката на банкротирани правни лица до ниво од 1,5 проценти (1,3 проценти во претходната година), наведуваат од Народната банка во последниот извештај за финансиската стабилност на Македонија за 2024 година. Оттаму додаваат дека тоа е слично на нивоата од пред пандемијата и засега упатува на ограничен ризик од несолвентност на секторот.
Од Народната банка објаснуваат дека стапката на банкротирани правни лица е пресметана како сооднос меѓу бројот на правни лица над кои е отворена стечајна постапка во текот на годината и просечниот годишен број активни правни лица, кој се пресметува како просек од бројот на активните правни лица (регистрирани субјекти што доставиле годишна сметка до Централниот регистар) на крајот и почетокот на соодветната календарска година.
Во кои сектори најмногу згаснуваат, а во кои се раѓаат нови компании?
Прочитај повеќе

Пад на добивката кај повеќето банки од берзата: Како им оди на другите сектори?
Единствени две банки од берзата што забележаа зголемување на добивката во првото полугодие од годинава се „УНИ банка“ и „Комерцијална банка“.
07.08.2025

Како „Македонски телеком“ стаса до дивиденден принос поголем од регионалните конкуренти
Главен адут на компанијата се капиталните вложувања, кои пораснаа 61,6 отсто.
01.08.2025

Раст на добивката на „Алкалоид“, инвестициите нараснале на 10 милиони евра
Во периодот за анализа „Алкалоид“ оствари приходи во вкупна вредност од 116,9 милиони евра.
30.07.2025

Високиот старт во 2025 ветува мирно лето за македонските блучипови
Кварталните резултати на македонските блучипови покажуваат дека имаат потенцијал 2025 година да ја завршат со поголем успех отколку претходната година.
15.05.2025
Во македонскиот корпоративен сектор заклучно со минатата година работеле вкупно 59.909 субјекти, што е благо зголемување во однос на 2023 година, кога во земјава функционирале 59.682 субјекти. Податоците на Народната банка што се базираат на бројот на субјекти што лани доставиле завршни сметки во Централниот регистар покажуваат дека во минатата година има зголемување на бројот на фирми во сите дејности освен во трговијата, транспортот, складирањето и угостителството, каде што има намалување на бројот на субјекти во однос на претходната година.
Убедливо најголем раст имало во дејностите во врска со недвижен имот, стручните, научните и техничките дејности и административните и помошни услужни дејности, каде што бројот на компании се зголемил од 8.736 во 2023 година на 9.308 во 2024 година. Значителен раст на бројот на компании имало и во градежништвото, индустријата и ИКТ-секторот.
Две години по ред во загуба над 18.000 компании
Од вкупниот број компании, лани со добивка работеле 41.679, што е благо зголемување во однос на 2023 година, кога добивка имале 40.867 компании.
Со загуба лани во земјава работеле 18.230 компании, што е намалување во однос на претходната година, кога загуба имале 18.815 компании.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...