text size
Кредитниот ранг ААА на американската влада ќе остане негативен во рамките на оценувањето на рејтинг-агенцијата „Фич“ (Fitch Ratings), иако земјата засега го заобиколи ризикот од неисполнување на обврските со усвојувањето на новата легислатива во Конгресот и Сенатот за суспендирање на законската граница на долгот. Останува уште законското решение да го потпише претседателот Џо Бајден, за што од Белата куќа рекоа дека веројатно ќе се случи утре.