text size
Станарите во Сингапур и Лисабон што живеат под кирија почнаа да ги чувствуваат проблемите со зголемените цени на наемнините и на изнајмувањето. Во првата половина од оваа година цените на наемнините во градовите пораснале за повеќе од 13 отсто. Ниту во една земја во светот досега нема регистрирано толкаво брзо темпо на раст на цените на наемите. Според „Савилс“ (Savills Plc), причина за толкав раст е напливот на странци што решиле да живеат во Сингапур и Лисабон. Ограничената понуда на недвижности што се под наем дополнително ги зголеми цените, се наведува во извештајот за индексот на најголемите станбени градови во светот.