Кина се подготвува да се справи со големиот заостанат долг на локалните власти кон приватниот сектор, кој според некои процени надминува 1 трилион долари, брифираат добро упатени извори.
Според нив, кинеската влада разгледува можност државните кредитори и политички банки, меѓу кои и „Чајна девелопмент банк“ (China Development Bank), да одобрат заеми за локалните власти за да можат да ги исплатат заостанатите обврски.
Сумата за која се преговара би покрила најмалку 1 трилион јуани (околу 140 милијарди долари) долг кон приватни компании во првата фаза од подолгорочната иницијатива, додаде еден од соговорниците. Целта на властите, како што посочуваат, е задачата да биде завршена до 2027 година.
Прочитај повеќе

Кина го казни „Диор“ во Шангај за прекршување на правилата за заштита на податоци
Кинеските власти ја казнија шангајската единица на „Диор“ поради серија прекршувања на правилата за заштита на лични податоци, вклучувајќи и споделување информации без согласност од корисниците.
09.09.2025

Кинеската БЈД со двојно повеќе модели на возила ја освојува Европа
БЈД, „Икспенг“ и „Липмотор“ го користат саемот во Минхен за проширување во Европа, заканувајќи им се на позициите на европските гиганти.
09.09.2025

Кина сака да стави контрола врз ризичното тргување со акции за стабилен раст
Загриженоста од нов балон по примерот од 2015 година ја натера Кина да воведе проверки на кредити, лимити за тргување и насоки за воздржаност на онлајн платформите.
04.09.2025

Кина ќе ја средува домашната „хаотична конкуренција“ во бумот со ВИ
Кина наведе дека ќе спречи прекумерна конкуренција во секторот на вештачка интелигенција (ВИ), кој е во полн ек.
29.08.2025

Кина со нов план за спас на пазарот на недвижности
Пекинг разгледува мобилизирање државни компании за купување непродадени станови, користејќи 300 милијарди јуани од фондовите на централната банка.
15.08.2025
Претседателот на Кина, Шји Џјинпинг во говор одржан во февруари, кој беше објавен минатиот месец, предупреди дека доцнењето на владините плаќања кон компаниите ја загрозува довербата на граѓаните во институциите. Потенцирајќи ја важноста што Пекинг му ја придава на ова прашање, кинескиот лидер рече дека неплатените сметки може да ги „парализираат“ погодените бизниси во ослабениот приватен сектор и дека тоа му нанесува штета на „општеството во целина“.
Иако предложената помош би донела олеснување за приватните изведувачи, таа ќе префрли поголем дел од ризикот врз државните банки, кои веќе се соочуваат со растечки загуби од кредити.
Националната комисија за развој и реформи, Националната управа за финансиска регулација и „Чајна девелопмент банк“ не одговорија на барањата за коментар.
Според процените на економистот Дејвид Ли Даокуи, локални фирми и институции во Кина должат околу 10 трилиони јуани, или приближно 1,4 трилион долари, на компании и јавниот сектор, што е еквивалентно на 7 отсто од бруто-домашниот производ на земјата минатата година.
Во извештај објавен минатата недела, „Кајтонг секјуритис“ (Caitong Securities Co.) наведе дека Кина може да одвои околу 200 милијарди јуани во специјални обврзници годинава за да ги намири задоцнетите плаќања кон компаниите, врз основа на проекции за обврзници поврзани со резерви на земјиште и изградба на проекти.
Како што посочуваат изворите, во последниве месеци властите им наложиле на најголемите банки во земјата да ја поддржат иницијативата, вклучувајќи и давање краткорочни кредити за ликвидност на регионалните влади за намирување на заостанатите сметки на нивните поврзани компании и институции. Иако овие долгови формално не се обврска на локалните влади, тие сепак се одговорни за отплатата бидејќи стојат зад задолжените компании и институции.
На ваквата политика можеби ќе ѝ треба дополнителна поддршка од регулаторите, бидејќи банкарите се загрижени за потенцијалните ризици и бараат некаква форма на гаранција дека нема да бидат одговорни доколку авансите се покажат како лоши, изјави еден од соговорниците.
Кинеските банки се борат со профитабилноста откако во изминатите неколку години беа вклучени да ја поддржат економијата со евтини кредити, што ги сведе нивните маржи на рекордно ниско ниво. Во исто време нивните биланси се под притисок поради растечкиот товар на ненаплатливи кредити. Во првата половина од годинава петте најголеми комерцијални банки издвоиле од резервите за загуби од кредити во висина од 3,51 трилиони јуани, што е речиси 6 отсто повеќе од крајот на минатата година.
Bloomberg
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...