text size
Новиот документарец на „Нетфликс“ „Детокс од пластика“ („The Plastic Detox“) открива колку изложеноста на пластика стана составен дел од нашето секојдневие. Без разлика дали ги миеме забите, посегнуваме по пакувана храна, носиме синтетичка облека или користиме производи за лична нега - со пластика доаѓаме во контакт речиси во секој момент од денот. На прв поглед тоа се безопасни активности, но документарецот сугерира дека сето тоа може да има многу посериозни последици отколку што мислиме.