text size
Производителите на автомобили со години се на удар на критичарите и регулаторите поради загадувањето што го создаваат возилата и нивното производство. Притисокот не изненадува, ако се има предвид дека, според податоците на Европската агенција за животна средина, автомобилите се одговорни за околу една четвртина од вкупните емисии на јаглерод диоксид во Европската Унија. На тоа треба да се додадат и загадувањето од самото производство, трошењето природни ресурси и отпадот што го создава целата индустрија.