text size
Рускиот продуцент на поп-музика Јосиф Пригожин (не мешајте го со Евгениј Пригожин, основачот на платеничката војска Вагнер) јавно ги поддржува Владимир Путин и руската инвазија на Украина. Меѓутоа, на почетокот на овој месец, на Јутјуб беше објавена снимка од телефонскиот разговор проследен со пцости меѓу Пригожин и санкционираниот милијардер Фархад Ахмедов - во него и двата соговорника ги проколнуваат „сатаната“ Путин, неговиот алчен неспособен тим и неговата глупава војна.