text size
Вештачката интелигенција требаше да биде посебна карактеристика на „Гугл“ (Google). Компанијата изгради репутација во поглед на правењето долгорочни облози за сите видови технологии што ќе се појават во далечна иднина, а голем дел од истражувањата што го поддржаа тековниот бран на четботови со вештачка интелигенција се одвиваа токму во нејзините лаборатории. Сепак, стартапот „Опен еј-ај“ (OpenAI) се истакна како ран лидер во т.н. генеративна вештачка интелигенција - софтвер кој може да креира сопствен текст, слики или видеа - преку лансирањето на ЧетГПТ (ChatGPT) во ноември. Неговиот неверојатен успех ја поттикна „Алфабет“ (Alphabet Inc.), матичната компанија на „Гугл“, да се обиде да постигне резултати во технолошката сфера за која извршниот директор Сундар Пичаи рече дека ќе биде „позначајна од огнот и струјата“.