text size
Вештачката интелигенција (ВИ) станува реалност во секојдневието и се развива со застрашувачка брзина. Светот е збунет и поделен, едни се радуваат на новите можности и со полн ентузијазам навлегуваат во новите можности што ги нуди вештачката интелигенција, за да си ја олеснат и подобрат работата, додека други се загрижени дека машината може да им го земе лебот и да ги остави без работа. Едни се претплатуваат за да добијат неограничен пристап до платформите за совладување на ВИ, други тужат за плагијати и повреда на авторски права. Но кој е во право? Бараме одговор и анализираме во кој правец води овој хаотичен период на нова мини-револуција во технолошкиот свет.