text size
Вештачката интелигенција во почетокот на годинава почна да привлекува сè поголемо внимание кај јавноста, а со тоа и кај голем број инвеститори. Многу аналитичари веќе навестија дека оваа година би можела да ја обележи токму вештачката интелигенција, а со појавата и популарноста на четботот ЧетГПТ (ChatGPT) се чини дека тоа се оствари. Се предвидува дека ваквите „зборливи“ роботи, кои разбираат човечки јазик и знаат детално да одговорат на прашањата, во иднина ќе ги заменат луѓето во многу сегменти. Во продолжение, ова е преглед на криптовалутите и компаниите од S&P 500 што ставија силен фокус на вештачката интелигенција.