Групацијата „Блуфокус интелиџент комуникејшнс“ (Bluefocus Intelligent Communications Group Co.) планира да ги замени своите надворешни соработници (копирајтери и графички дизајнери) со модели на генеративна вештачка интелигенција слични на ЧетГПТ (ChatGPT), се вели во интерниот меморандум на персоналот што го виде Блумберг Њјус (Bloomberg News).
Компанијата, која е вредна 3 милијарди долари и е една од најпознатите во Кина во областа на медиумите и односите со јавноста побара од „Алибаба“ (Alibaba Group Holding Ltd.) и „Баиду“ (Baidu Inc) да го истражат лиценцирањето на нивната технологија.
Претставниците на компанијата не беа веднаш достапни за коментар.
Прочитај повеќе
„Опен еј-ај“ планира да се прошири во Јапонија
Сем Алтман, коосновачот и извршен директор на „Опен еј-ај“, се состана со јапонскиот премиер Фумио Кишида.
10.04.2023
ЧетГПТ ќе овозможи четиридневна работна недела, вели нобеловец
Според нобеловецот Кристофер Писаридес, ЧетГПТ може значително да ја зголеми продуктивноста.
07.04.2023
Го тестиравме ЧетГПТ: Добивме план за инвестиција од 100.000 евра!
ЧетГПТ направи план за маркетинг, ги прецизираше потребните трошоци и го распредели буџетот за инвестирање по ставки
11.04.2023
Деловниот свет воведува правила за употреба на ЧетГПТ
Некои компании го забранија четботот, а други дозволија работниците да го користат во секојдневието
26.03.2023
„За да го прифатиме новиот бран на содржина генерирана со вештачка интелигенција, од денес решивме да ги запреме сите трошоци за автори и дизајнери од трети страни“, се вели во интерниот меморандум.
Бизнис лидерите ширум светот ги истражуваа случаите на можна употреба откако ЧетГПТ покажа способност не само да дава одговори слични на луѓето, туку и да создава поезија, пишува есеи и фикција. Но, „Блуфокус“, која на својата веб-страница објави дека им служи на клиенти како „Самсунг“ и „БМВ“ можеби се движи побрзо од повеќето кога е во прашање употребата на новата технологија.
Стравувањата дека вештачката интелигенција ќе ги замени луѓето со години навлегуваат во повеќето индустрии. Медиумските директори особено ја гледаат генеративната вештачка интелигенција како нова егзистенцијална закана. Тие се загрижени дека креативните чет-ботови ќе ги украдат читателите и огласувачите, слично како што тоа го правеа претходните иновации на интернет. Многумина бараат начини да ги ублажат последиците, на пример преку ограничена содржина или ново законодавство.
„Блуфокус“ оди во спротивната насока.