Светот се‘ уште е обземен од појавата на јазичниот бот ЧетГПТ (Chat GPT), кој „Опен еј-ај“ (OpenAI) го промовираше во ноември, минатата година. Дел од големите мултинационални компании веќе најдоа начин да ја применат новата алатка во своето работење, а други со декрет ја забранија неговата употреба. За да видиме какви се можностите на вештачката интелигенција го замоливме ЧетГПТ да ни напише неколку бизнис планови за инвестиции во Македонија со буџет од 100.000 евра.
„Секако, еве неколку различни бизнис-планови за инвестиции во Македонија“, ни одговори ЧетГПТ.
Првиот предлог на ботот беше парите да се инвестираат во онлајн продавница за облека, која ќе продава прифатлива и модерна облека за млади и возрасни во Македонија. ЧетГПТ направи план за маркетинг, ги прецизираше потребните трошоци и го распредели буџетот за инвестирање по ставки.
„Бизнисот ќе продава на платформите за социјални медиуми како Фејсбук, Инстаграм и Твитер. Инфлуенсерите ќе се користат за промоција на брендот. Почетните трошоци вклучуваат: развој на веб-страница, наоѓање извори на производите, систем за управување со залихи, рекламирање на социјалните мрежи и ангажирање фотограф за фотосесии на производи. Приходите ќе се слеваат од продажбата преку онлајн продавницата со потенцијал за проширување преку дистрибуција на големо“, напиша ЧетГПТ.
Вториот предлог на ЧетГПТ беше да се инвестира во компанија за развој на мобилни апликации.
„Да се основа компанија за развој на мобилни апликации која обезбедува услуги за развој на апликации за бизниси во Македонија. Бизнисот ќе им се пласира на бизнисите со маркетинг кој ќе оди преку е-пошта, повици и настани за вмрежување. Почетните трошоци вклучуваат: кирија за канцеларии, опрема, плати на вработените, алатки за развој на софтвер и маркетинг материјали. Приходите ќе доаѓаат од надомест за развој на апликациите, одржување на апликациите и надградби“, напиша ЧетГПТ.
Третиот предлог на ботот беше 100.000 евра да се инвестираат во бар-ресторан.
„Да се отвори бар-ресторан кој ќе нуди локална кујна и крафт-пива во трендовска атмосфера. Бизнисот ќе се пласира преку социјалните медиуми, печатено рекламирање и усно. Почетните трошоци вклучуваат: изнајмување простории, реновирање, опрема за кујна, мебел, ангажирање персонал, дизајн на мени и лиценцирање. Приходите ќе доаѓаат од продажба од храна и пијалоци со потенцијал за проширување преку угостителски услуги и испорака“, напиша ЧетГПТ.
„Ова се само неколку примери на потенцијални бизнис планови што би можел да ги оствари еден претприемач во Македонија со буџет од 100.000 евра“, заврши ЧетГПТ.
Бизнис планови за инвестиции во земјоделството
За да видиме со каква лепеза на идеи располага овој јазичен бот, го замоливме да ни напише бизнис планови за инвестиции од 100.000 евра во земјоделското производство.
„Секако! Еве неколку различни бизнис планови за еден претприемач кој живее во Македонија, кој сака да инвестира во земјоделското производство со буџет од 100.000 евра“, одговори ЧетГПТ.
Неговиот прв предлог беше да се инвестира во погон за преработка на овошје и зеленчук.
„Да се отвори фабрика за преработка на овошје и зеленчук која произведува пакувано и конзервирано овошје и зеленчук за продажба на локални и меѓународни пазари. Бизнисот ќе се пласира на дистрибутери и супермаркети преку саеми, како и преку директна продажба и онлајн маркетинг. Почетните трошоци вклучуваат: купување земјиште, изградба на фабрика за преработка, опрема, суровини, пакување и персонал. Приходите ќе доаѓаат од продажба на пакувано овошје и зеленчук на локални и меѓународни пазари“, напиша ЧетГПТ.
Вториот предлог беше да се отвори фарма за производство на млечни органски производи.
„Да се отвори органска фарма и фабрика за производство на млеко што произведува висококвалитетни млечни производи како сирење, јогурт и млеко за продажба на локални и меѓународни пазари. Бизнисот ќе се пласира преку дистрибутери, супермаркети и саеми, како и преку директна продажба и онлајн маркетинг. Почетните трошоци вклучуваат купување земјиште, изградба на објекти, набавка на опрема, добиток, суровини, пакување и персонал. Приходите ќе доаѓаат од продажба на млечни производи на локални и меѓународни пазари“, напиша ботот.
Игри без граници
За дополнително да испитаме до каде одат границите на ЧетГПТ ја сменивме реториката и побаравме да предложи бизнис-планови за стартап и за извозен бизнис од Македонија, исто така со буџет од 100.000 евра. Неговиот предлог за стартап беше инвестиција во компанија за обновлива енергија.
„Да се основа компанија за обновлива енергија која инсталира и одржува соларни панели и други одржливи извори на енергија за станбени и комерцијални клиенти. Бизнисот ќе се пласира на резиденцијални и комерцијални клиенти преку онлајн рекламирање и партнерства со локални организации. Почетните трошоци вклучуваат: набавка на опрема, обука, персонал и маркетинг. Приходите ќе доаѓаат од проекти за инсталација и одржување“, напиша ЧетГПТ.
Кога станува збор за извозен бизнис, ЧетГПТ предложи да се започне бизнис за извоз на висококвалитетни македонски вина на меѓународните пазари.
„Бизнисот ќе се пласира на меѓународните купувачи преку онлајн рекламирање, саеми и партнерства со локални винарии. Почетните трошоцви вклучуваат опрема за производство на вино, персонал, маркетинг и контрола на квалитетот. Приходите ќе доаѓаат од извозна продажба“, напиша ЧетГПТ.
А, инвестиции на Македонската берза?
Повторно, за да тестираме до каде одат границите на вештачката интелигенција, го замоливме ЧестГПТ за одговор на прашањето „каде да се инвестираат 100.000 евра на Македонската берза?“
„Како модел на јазик за вештачка интелигенција, не можам да дадам инвестициски совети, бидејќи тоа бара големо знаење и искуство во областа на инвестициите. Сепак, можам да ви дадам некои општи информации за Македонската берза и да предложам некои чекори што можете да ги преземете за истражување на потенцијалните можности за инвестирање“, напиша ЧетГПТ.
Тој додаде дека Македонската берза е релативно мала и дека најистакнати застапени сектори се банкарството, фармацијата и телекомуникациите.
„Берзата работи во македонски денари (денари), но нерезидентите имаат можност да инвестираат преку локална брокерска куќа која може да конвертира девизи во МКД. Доколку размислувате да инвестирате на Македонската берза, еве неколку чекори што можете да ги преземете за да ги истражите потенцијалните можности за инвестирање: истражете ги наведените компании, погледнете ги финансиските перформанси, изгледите за раст и управувањето на компаниите. Овие информации можете да ги најдете во годишните извештаи на компаниите, финансиските извештаи и другите јавно достапни документи“, напиша ЧетГПТ.
Тој продолжи дека е потребно да се анализираат пазарот и трендовите на Македонската берза, како и целокупната економска и политичка состојба во земјата.
„ Размислете да побарате совет од финансиски советник или брокер кој е запознаен со Македонската берза. Тие можат да ви помогнат да ги разберете ризиците и потенцијалните придобивки од инвестирањето на пазарот и да ви помогнат при изборот на соодветни инвестиции. Важно е да го диверзифицирате вашето портфолио со инвестирање во различни компании и сектори за да се намали ризикот од загуби. Важно е да се напомене дека инвестирањето на берзата носи ризици и од суштинско значење е да се спроведе темелно истражување и да се побара стручен совет пред да се донесат какви било инвестициски одлуки“, напиша ЧетГПТ.