Вести

Борис Џонсон има проблеми, но британската економија засега е ОК

Извор: Marcus Ashworth, колумнист на Bloomberg

06. Јули 2022, 10:53

Земјата има полна вработеност и силен банкарски сектор

Даночните приходи се добри, а има и простор за задолжување

Борис Џонсон има проблеми, но британската економија засега е ОК

Bloomberg

Велика Британија во моментов е кревка, со неверојатна инфлација, војната во Украина и сите можни локални потешкотии кои го мачат бритаанското политичко тело. Веќе оптоварен со различни скандали и изборни неуспеси, премиерот Борис Џонсон,  во вторникот претрпе уште поголем удар по оставките на министрите за финансии и здравство, клучни членови на неговиот кабинет.

Економијата е сосема друга работа, и покрај обесхрабрувачките вести за инфлацијата и енергијата. Велика Британија всушност и не е во така лоша состојба, со 400 милијарди фунти за потткнување од времето на пандемијата кои се во оптег. Ако светот падне во рецесија заради енергетскиот шок, тогаш оваа островска врнежлива земја би требало да се држи подобро од другите. Со полна вработеност, силен банкарски сектор и силни биланси на фирмите и домаќинствата и способноста за додавање повеќе фисклани мерки– секој пад може да се ублажи.

Соодносот на долгот на Обединетото Кралство и БДП останува под 100 отсто, што е подобро во однос на дргите големи економии, така што има и простор за задолжување. (Италија е задолжена за повеќе од 150 отсто).

Rishi Sunak, довчерашниот министер за финансии, веќе неколку пати посегнуваше по парите од буџетот. Неговиот наследник, Nadhim Zadawi, сигурно ќе го прави истото во обид да го зацврсти бродот. Постојат многу флексибилности на располагање ако за тоа се покаже потреба. На пат е намалувањето на даноците, а пазарот со државни обврзници на Велика Британија може да ја поднесе секоја дополнителна понуда во рамките на разумни граници.

Ваквото потенцијално фискално расфрлање тешко дека може да се обликува во економска проценка, затоа бидете вниталени кога ги слушате  апокалиптичните прогнози на ОЕЦД кои во последно време често се спомнувани, но тие имаат посебно лоши прогнози во погодувањето на британскиот раст.

Она што е важно е дека Банката на Англија повтори дека ќе се држи до политиката за подигање на каматните стапки во борбата против инфлацијата. Таа е во доста подобра ситуација од ЕЦБ која се уште е заглавена во негативни камати.

Веројатно најдобриот прогнозер на растот во Велика Британија – анкетата на менаџерите за набавка, се уште е над линијата за раст, за разлика од другите европски економии. Освен тоа, лонодонскиот City, главниот извор на заработувачка и даночни проходи, се држи многу подобро од очекуваањата. Дури и FTSE100 покажа подобри резултати од другите индекси.

Сето ова може да личи на чепкање по рабовите, но основите на економијата се доволно силни за да можат да издржат системски шокови. Банкарскиот сектор се труди да не се изложи на потенцијално нефункционални кредити. Да речеме дека банките се внимателни, но играат: остануваат самоуверени давајќи заеми на компаниите како и хипотеки на недвижности.

Ништо од ова не значи дека рецесијата може да се избегне. Многумина мислат деке веќе сме во неа.  Економскиот раст е забавен последниве месеци, а кризата со инфлацијата за многумина е многу реална. Таа сигурно ќе стане двоцифрена до есен, но би требало да се стабилизира кон крајот на годината пред нагло да падне идната година – освен ако Русија не  го прекине снабдувањето со енергија.

Но, така да речам, има резревни пари за поддршка во случај на војна: финансиите на британските домаќинства се здрави, најдобри од сите големи економии со речиси 200 милијарди фунти заштеди собрани во текот на пандемијата. Факт е дека таа залиха допрва треба да се користи. Во едно такво бенигно сценарио, потрошувачката на мало силно би го поттикнала растот на БДП. Оваа негативност се храни сама од себе, но во еден момент ќе даде здрав стимул на секое опоравување.

Најважната сила на британската економија е вработувањето. Мерките на Sunak ги одржаа во живот и команиите и вработените во време на карантните. Невработнеоста изнесува само 3.8 отсто,  има 1,7 милиони слободни работни места. Тоа е добро колку што може да биде.

Јасно е дека постои  мамурлук затоа што мерките од пандемијата полека се повлекуваат, но преостанатите мерки ќе служат како резерва на некое врреме – сигурно е дека државните даночни приходи добро се држат. Слабоста на стерлингот го зголеми трошоците за увоз на стока, чии цени се главно изразени во долари, но фунтата не е единствена валута која пати од моќта на зелената банкнота.

Значи, главата горе. Не смеете да кукате. Не сме полоши од останатите. Ова важи се додека го одвраќате погледот од Westminster. 

 

Сите новости од рубриката Коментар

Коментар

сите новости од рубриката Коментар